Блогерката Аманда Черни е новото лице на колекцијата GUESS Activewear

Глумицата, ѕвезда од социјалните медиуми и фитнес-ентузијаст Аманда Черни е новото лице на модната марка GUESS за пролетната колекција на линијата Activewear.

„Чест ми е да бидам ново лице на колекцијата GUESS Activewear за пролет 2018.  Никогаш во моите соништа не помислив дека ќе ми се даде можност да ја спојам мојата страст за фитнесот и модата. Сите парчиња во оваа колекција се направени за GUESS-девојката да се чувствува уверено, секси и удобно“, вели Аманда.

Аманда Черни има над 17,4 милиони Инстаграм следбеници и 1,8 милиони YouTube претплатници. Користејќи ја својата огромна фан база како маркетиншка алатка, Черни е инспирација на милиони луѓе да бидат во фит форма преку нејзините фитнес-видеа.

Основачот и главен креативен директор на GUESS, Пол Марчиано, за оваа соработка вели: „Социјалните медиуми станаа толку важна платформа за мене во последните неколку години – сега токму тука откривам најмногу таленти. Ја пронајдов Аманда пред две години, како обожавател, преку нејзината Инстаграм-страница и веднаш бев привлечен од нејзината впечатлива убавина и харизматична личност. Горд момент е да се каже „добредојде“ на Аманда, жена со толку талент, страст и самодоверба, во семејството GUESS.“

The post Блогерката Аманда Черни е новото лице на колекцијата GUESS Activewear appeared first on MакMода.

Оваа статија е превземена од makmoda.com


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии