Го тужи Фејсбук затоа што таму го запознала макрото кој ја силувал

Жена од Тексас, наведена како Џејн До (Jane Doe и John Doe се псевдоними кои се користат за непознато лице или лице со заштитен идентитет), го тужи Фејсбук затоа што, како што тврди, токму преку друштвената мрежа го запознала макрото кој ја силувал, тепал и сексуално искористувал кога таа имала 15 години. Таа обвинува дека директорите на компанијата знаеле дека на мрежата се мамат малолетници за трговија со секс, и дека не преземале доволно мерки за нивна заштита.

Во тужбата, поднесена против Facebook и основачот на порталот Backpage, жената тврди дека била „навлечена“ на разговор со корисникот, бидејќи мрежата ѝ го претставила како „пријател“ на неколку нејзини познаници.

Таа тврди дека кога во една прилика се скарала со својата мајка, мажот се понудил да ја „утеши“ и ја земал од дома со кола, но потоа ја силувал, тепал, и објавил нејзини фотографии на наведениот портал.

Во тужбата се образложува дека Фејсбук не направил доволно за да го верификува идентитетот на корисникот, за кој се потенцира дека е лажен, како и тоа дека оштетената никогаш не била предупредена дека на друштвените мрежи оперираат и трговци со сексуални услуги.

Фејсбук и порталот Backpage не се достапни за коментар, пренесува агенцијата Ројтерс.

За основаноста

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии