Јапонија експериментира со вештачка интелигенција и автобуси на повик

Јапонската корпорација Mitsubishi,  во партнерство со јапонскиот превозен оператор Nishi-Nipon Railroad Company, создаде приватна компанија која ќе го контролира автобускиот превоз со помош на вештачка интелигенција, во реално време.

Компанијата, наречена Next Mobility, ќе започне со едногодишно тестирање кое ќе се спроведува на вештачкиот остров Island City во Фукуока, веќе од април.

Наместо однапред утврден возен ред, компанијата ќе користи вештачка интелигенција за генерирање автобуски маршрути во реално време, и тоа по барање и повик на патниците. Таквите повици ќе бидат испраќани преку смартфони. Паралелно, системот за длабоко учење (deep learning) ќе собира „оперативни податоци“ од состојбата на терен, вклучувајќи го обемот на сообраќај на патиштата, локацијата на патниците кои ги повикале автобусите и слично, што ќе овозможи автобусите да се движат поефикасно и согласно потребите, а не по однапред одреден возен ред, како што беше случај досега.

Проектот е спонзориран од Nissan, со оглед дека и во пилот проектот ќе се користат нивните патнички комбиња – Nissan Caravans. Во пилот проектот, автобусите ќе ги возат возачи од такси компанијата Fukuoka Nishitetsu Taxi.

Овој пилот проект е уште еден мал „демо“ увид во тоа во која насока иновациите и новите идеи, особено вештачката интелигенција, може да го промени начинот на кои се движат

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии