Ни претстојат најмалку четири пеколни години?

Според најновите истражувања на тимот предводен од научниците Флоријан Севелек (од Научниот центар за истражувања во Брест) и Сибрен С. Дифоут (од Универзитетот во Саутемтон), а направени со помош на математички модел, фино ќе биде да се подготвиме за неколку исклучително топли години во низа.

Нивниот статистички метод базиран на симулација на климатските промени во овој и минатиот век, покажуваат дека од 2018-та до 2022 година нé очекува екстремен раст на температурите.

Иако на почетокот на 21-ов век научниците тврдеа дека ќе има мало ублажување и пауза во загревањето на планетава, податоците недвосмислено покажуваат дека последниве 5 години се најжешки во историјата на мерење на температурите. Според истражувањето на Севелек и Дифоут, тој тренд ќе продолжи во нагорна линија најмалку во следниве четири години.

via Фактор.мк

Линк до статијата Ни претстојат најмалку четири пеколни години? објавена на 365.com.mk.

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии