Палачинки од праски (РЕЦЕПТ)

Приготвување:
Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, солта, сода бикарбоната, јајцата, маслото и екстрактот од ванила со 2 чаши вода. Додајте го мармаладот од праски.

Извадете ги семките од свежите праски и исечете ги на кришки, а потоа половина од нив исечете ги на мали коцки. Додајте ги коцките праски во смесата, а кришките зачувајте ги за сервирање.

Загрејте ја тавата на средна температура и пржете ги палачинките на путер додека не потемнат од двете страни. Послужете ги со малку мармалад од праска, парченца путер и мед или сируп.

Состојки:
300 г брашно
2 лажици шеќер
1,5 лажичка прашок за печиво
малку сол
1 лажичка сода бикарбона
150 мл масло
2 јајца
1 лажица екстракт од ванила
2 полни лажици мармалад од праски
2 цели свежи праски
путер, и за пржење и за послужување
мед или јаворов сируп

The post Палачинки од праски (РЕЦЕПТ) appeared first on Bukefal.

Оваа статија е превземена од bukefal.club


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии