Параглајдерист паднал на карпи на Галичица

Илустрација

На 08.08.2018 година во 14.50 часот, вработен во националниот парк „Галичица“ пријавил дека под врвот „Баба“ на планината Галичица забележал параглајдерист кој паднал на карпа, наведоа МВР.

Полициски службеници излегле на местото и го пронашле лицето О.В.(37) од Украина, кој бил во контактибилна состојба. Во разговор тој изјавил дека во непосредна близина на превојот на место викано „Баба“ паднал и се здобил со повреда на зглобот од десната нога и во пределот на половината.

Од страна на планинската спасувачка служба од Охрид лицето било извлечено, а од екипа на Итна медицџинска помош било пренесено во болницата „Св.Еразмо“-Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување надвор од животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Линк до статијата Параглајдерист паднал на карпи на Галичица објавена на 365.com.mk.

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии