Пијалaк кој го регулира холестеролот

Одржувањето на висок холестерол е еден од факторите на ризик за развој на кардиоваскуларни болести, кои се причина број еден за смртност во светот. Почитувањето на одреден режим на исхрана, редовна физичка активност, земањето на лекови, може да помогне за нормализирање на вредностите на холестеролот.

Кон сето тоа треба да додадеме и некои од испробаните народни лекови, како следниот освежителен пијалок.

Ако го земате редовно, ќе постигнете позитивни резултати. Што ќе ви биде потребно?
3 лимони
500 грама свежи листови од целер
1 литар вода

Како да го подготвите? Истурете вода во тенџере и ставете да се вари на шпоретот. Потоа тргнете го од огнот и оставете малку да се излади. Измијте ги добро лимоните и лисјата од целер, исецкајте ги на парчиња и сомелете ги фино во кујнски блендер.

Потоа додадете ги во водата и оставете да отстои една ноќ. Изутрина исцедете го пијалокот и чувајте во стаклена тегла или шише. Консумирајте од него секое утро и вечер по една чаша пред јадење.

За да има ефект треба да го земате пијалокот барем три месеци, но не заборавајте да правите пауза од 2-3 дена на секои 2 месеци.

Статијата е превземена од lokalno.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии