Подгответе вкусни кифлички на вашата трпеза

За време на празниците, кифличките несомнено го заземаат централниот дел на трпезата. Оваа година воодушевете ги гостите со нашиот едноставен рецепт и на вашата трпеза имајте ги највкусните кифлички!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кесе квасец сув, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 1 кисела павлака, 100 мл. масло, 200 мл. млеко, 600 гр. брашно, 1 прашок за пециво, 1 јајце и сусам

ПОДГОТОВКА: 1. Се загрева млекото да биде млако и се додаваат шеќер и квасец, па се меша да се активираат. 2. Се става во друг сад брашно со прашок за пециво и сол, пa се меша, па се става киселата павлака и масло.3. Се става оваа смеса во млеко со квасец и се меша. 4. Се става тестото на работна маса, се меси и дели на два дела. 5. Се развлекуваат и еден круг се сече на 16 делови. 6. Секој се витка во кифличка, се редат на тепсија и се премачкуваат со јајце и со сусам. 7. Се печат на загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.

Линк до статијата Подгответе вкусни кифлички на вашата трпеза објавена на 365.com.mk.

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии