Погача со спанаќ и ајвар

Потребни состојки:

800–900 гр. брашно
30 гр. квасец
200 мл јогурт
200 мл млеко
1 лажица шеќер
малку сол
50 мл масло
150 гр. фета сирење
1-2 лажици ајвар
варен и сечкан спанаќ
2 јајца
1 жолчка
сусам

Начин на подготовка:

Квасецот истопете го во малку млако млеко, додајте шеќер и останатото млеко, јогуртот, два јајца и изматете со маталка. Потоа додајте брашно и сол и замесете средно тврдо тесто. Оставете да да стаса. Тестото поделете го на четири еднакви делови, а од секој дел направете топче. Првото топче расукајте го на хартија за печење и намачкајте го со сирењето. Втората кора расукајте ја, па ставете ја над кората со сирење и врз неа ставете го спанаќот. Третата кора ставете ја над кората со спанаќ, па намачкајте ја со ајвар. Четвртата кора расукајте ја и ставете ја преку таа со ајвар. Над погачата ставете тркалезна тава или тенџере и притиснете да се одбележи круг па вишокот исечете го. Тоа тесто сочувајте го за средината на кругот. На средина ставете чаша и обележете круг.

Со нож за пица исечете ја погачата од рабовите на бележаниот круг надолу, направете 4 четвртини. Секоја четвртина поделете ја на три дела. Сечете до линијата од

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии