Први фотографии од новиот Audi A1

Како што беше случај и со Volkswagen Polo и Seat Ibiza, така и новиот Audi A1 ќе има само верзија со пет врати.

Неколку недели пред официјалната премиера во Барселона, во јавноста се појавија официјални фотографии од новиот A1, кој во однос на претходната генерација има поизразена спортска линија.

Новиот А1 е претставен во жолта и сива варијанта, а се истакнува големата предна маска, додека празнината под хаубата потсетува на Quattro концептот.

Првата варијанта од новиот Audi A1, односно жолтиот „40 TFSI“ се карактеризира со 2,0 литарски турбо мотор, кој располага со 200 коњски сили, а оди во пар заедно со автоматски менувач со шест брзини.

Оваа верзија на Audi A1 за нешто помалку од седум секунди забрзува од 0 до 100 километри на час.

Другиот автомобил, односно сивата верзија, која ја носи ознаката „35 TFSI“, се карактеризира со 1,5 литарски турбобензинец, кој располага со 150 коњски сили, а во овој случај станува збор за мануелен менувач.

Линк до статијата Први фотографии од новиот Audi A1 објавена на 365.com.mk.

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии