Сонцето убива повеќе од сообраќајните несреќи

Сончевите зраци се поопасни од возењето, предупредуваат научниците.

Податоците од статистиката покажува дека повеќе луѓе умираат од рак на кожата секоја година. Овие смртни случаи се повеќе од катастрофалните сообраќајни незгоди. Бројките покажуваат уште дека жените почесто го губат животот од рак на кожата, отколку мажите.

Експертите ја обвинуваат за црната статистика склоноста на понежниот пол да користи солариуми или да седи на сонце за добивање тен во најжешките пладневни часови. “Стапките на ракот на кожата се зголемуваат и најголем придонес за тоа има изложеноста на ултравиолетови зраци”, објаснуваат дерматолозите.

Во Велика Британија годишните смртни случаи од рак на кожата достигнуваат 2148 во 2012 година, а експертите предупредуваат дека болеста може да се шири и во други органи. За споредба на Островот во истата година во сообраќајни несреќи загинале 1713 лица.

Статијата е превземена од lokalno.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии