Стипендии за студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Рудникот за олово и цинк САСА во следната учебна година 2018 / 2019 ќе стипендира 20 студенти на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Десет студенти од студиската група Рударство и по петмина од студиските групи Геологија и Инженерство на животна средина ќе добиваат годишни стипендии во вредност од по 200 евра.

Рудник САСА

Покрај оваа финансиска поддршка во текот на студиите, рудникот САСА им овозможува на идните студенти практична работа, при што ќе се стекнат со првично искуство и ќе се запознаат со работата на рудникот и компанијата. Дополнително, најдобрите од студентите ќе имаат можност за вработување во рудникот САСА по завршувањето на студиите.

Среќни сме што во соработка со раководството на Факултетот за природни и технички науки ќе можеме да ги поддржиме талентираните млади луѓе кои се определуваат да стекнат знаења во областите поврзани со нашата индустрија. Тие се наши потенцијални идни колеги, па наш природен интерес е низ образованието и низ праксата што подобро да се подготват за работа во модерното и одговорно рударство“, изјави генералниот директор на САСА, Олег Телној.

На факултетот стипендирањето го гледаат како можност за зголемување на атрактивноста на студиските групи за студентите кои првпат се запишуваат.

Оваа статија е превземена од makmoda.com


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии