Throttle/Brake – епизода 80: Најмоќниот Mustang и единствената Deborah

Најотровната змија на Shelby го гризна коњот на Ford. Овој феномен се има случувано и порано, но сега последиците се епски. Имено, поради отровот од оваа змија, GT500 ќе биде најмоќниот (сериски) Mustang до сега. И најбрзиот.

Во една од моите претходни епизоди (епизода 23), пишував за помалиот брат на GT500, GT350 R. Токму овој автомобил ги промени правилата на игра во Ford и Shelby. Пред овој автомобил, сите “отровни” Мустанзи беа моќни, но глупави. Одеа само право, и доколку некој се обидеше да ги надмудри во свиоците, епилогот беше доста непријатен. Едноставно, имаа премногу сила која не беше паметно распоредена и зависна задна оска. Амерички хорор на тркала со 625 коњски сили. Но последниот GT350 се претвори во вистински тркачки адут, со хај-тек независна задна оска, паметна сила и одмерена аеродинамика. Во меѓувреме Ford го воскресна и феноменалниот GT, победи на Ле Ман, а во воздухот одекнуваше звукот на суперчарџер. Се беше спремно за најбрзиот Ford Mustang Shelby GT500 досега.

Официјален тизер – финалниот изглед на Ford Mustang Shelby GT500.

Ford Performance и верниот Shelby ги здружија силите и решија да стават крај на американскиот дуопол, во кој сеуште уживаат Corvette ZR-1 и Camaro ZL1. Типично американски, демек прагматично,

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии