Throttle/Brake – епизода 82: Перфектен McLaren, Top Secret Ламбо или мини Valkyrie?

Внимание: Оваа епизода ќе изобилува со неофицијални информации од доверливи извори, кои ќе почнат да стануваат официјални кон крајот на оваа година.

Конечно убав McLaren автомобил за кој не треба да платите милион евра и да се правдате дека не е убав, ама е функционален и брз. Рака на срце, ни 720 S не е некој убавец, но е перфектен GT со неверојатни перформанси. Сега, кога некако се навикнавме на нападната појава на McLaren Senna, време е да продолжиме понатаму.

Најмалото, но најубавото, конечно си доби ознака Long Tail и темпераментен карактер, и мене навистина ми се допаѓа. Што е ново во однос на “стандардниот” 570 S? Според таборот од Вокинг, цели 23%. Ја имаат статистиката во малиот прст, нема што.

За да го оправда името Long Tail, автомобилот е подолг за 74mm во однос на 570 S. Океј!? Стандардната суспензија е заменета со многу поцврста и тркачки ориентирана, а не се штедело ниту на карбон фибер, па автомобилот е цели 96 килограми полесен од својот поцивилизиран брат. За беспрекорен контакт со подлогата се грижат супер лепливите Pirelli Trofeo R, кои во претходниот живот ги возеше “семоќниот” P1. Бројот “600” алудира на 600 коњски сили, односно 30 повеќе во

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии