Тортиљи со пилешко месо и павлака (Рецепт)

Познатиот мексикански специјалитет никогаш не излегува од мода, особено затоа што во повеќето свои варијанти станува збор за брзо и вкусно јадење кое е прилично лесно за подготовка.

Состојки:

Пилешки гради – 350 гр.
Чили сос – 200 гр.
Лук – 2 чешниња
Црвен кромид – 1
Доматен сос – 3 лажици
Зелена пиперка – 1
Жолта пиперка – 1
Шери домати – 4
Тортиљи – 6
Битолска кисела павлака – По вкус
Сончогледово масло – По вкус
Сол – По вкус
Свежо мелен бибер – По вкус

Инструкции:
Чекор 1:

Во тава ставете малку масло, додајте сос од чили пиперки, лук, кромид, малку доматен сос, на ленти исечкана пиперка и шери-домати. Зачинете и пржете на тивок оган.

Чекор 2:

Пилешкото месо исечкајте го на ленти и печете на фолија на скара. Кога месото ќе биде готово додајте го во претходно подготвениот сос.

Чекор 3:

Тортиљите загрејте ги на тивок оган во рерна, наполнете ги со филот и завиткајте ги во фолија. Така завиткани вратете ги во рерна на 2-3 минути на пониска температура.

Чекор 4:

Кога ќе ги извадите додадете во нив или од страна при сервирањето кисела павлака која одлично се надополнува со вкусот на сосот и

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии