Вкусна крем салата со тестенини

Вкусна, кремава и лесна салата со јогурт која веднаш ќе сакате да ја вкусите. Ова е рецептот за новото вкусно уживање.

СОСТОЈКИ:

500 гр. макарони
150 гр. кашкавал
200 гр. шунка Пекабеско
2-3 варени моркови
15 кисели краставички
1 црвена пиперка
1,5 литри јогурт
200 гр. мајонез

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се варат тестенините во солена вода, потоа се мијат со ладна вода, па се оставаат на страна.

Кашкавалот, шунката и морковите заедно со киселите краставички и пиперката ситно се сечат, па се додаваат и оладените макарони.

Се додава јогуртот со мајонез и се меша смесата да се соедини.

Ако е салатата сува за ваш вкус, слободно додадете уште јогурт.

Може да ја декорирате со магдонос, оладете пред служење.

Линк до статијата Вкусна крем салата со тестенини објавена на 365.com.mk.

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии