Вкусни мафини со шунка и сирење

Подгответе ги овие вкусни мафини со шунка и сирење кои може да бидат одличен оброк за вашите најмили.

Потребни состојки:

4 јајца
175 милилитри млеко
1 лажичка сенф
5 кришки леб
100 грама топено сирење
12 шери домати
100 грама Пекабеско шунка

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Лебот, шунката и сирењето исечкајте ги на ситни коцкички. Калапите за мафините добро подмачкајте ги. Изматете ги заедно јајцата, млекото, сенфот, солта и биберот, додајте ги лебот, сирењето и шунката и мешајте добро додека сѐ не се соедини. Со лажичка ставете во калапите и нешто притиснете. Исечете мали домати и притиснете ги нежно во смесата. Печете околу 25 минути.

Линк до статијата Вкусни мафини со шунка и сирење објавена на 365.com.mk.

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии