Во меѓувреме, Mercedes го тужат за глупости

Кери Костело купил половен Mercedes кабриолет E-класа за 40.000 евра. Набрзо по купувањето, прочитал статија за друг сопственик на Mercedes кој кожните седишта ги однел на лабораториска анализа бидејќи се сомневал дали се прекриени со 100%-на кожа.

Резултатите од анализата не му се допаднале на Костело, па отишол до локалниот застапник на Mercedes за да праша дали и седиштата во неговиот кабриолет се делумно обложени со пластика, а не со 100% чиста кожа. Таму не добил конретен одговор, па се обратил до надлежното владино тело за спорови во автоиндустријата.

Набрзо од Mercedes-Benz го изјавиле она што е и сосема логично да се очекува – дека при изработката на седиштата во кожата се вградуваат и други материјали, со цел кожата да биде поцврста и да ја добие посакуваната текстура.

Со оглед дека описот на компанијата е краток и јасен – „кожни седишта“, Костело го тужел автопроизводителот и го добил спорот, а судот пресудил да биде обесштетен со 1.000 евра.

Линк до статијата Во меѓувреме, Mercedes го тужат за глупости објавена на 365.com.mk.

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии