Weedcraft, или како да станеш магнат во бизнисот со марихуана (видео)

Студиото Devolver Digital и порано знаело да изненади со невообичаени проекти, а овој пат тоа го прави со видео играта Weedcraft.

Weedcraft е игра од типот „tycoon“, т.е. игри кои се базираат на менаџерска симулација на водење на некаков бизнис или индустрија, а во овој случај тоа е одгледување и дистрибуција на марихуана, максимизирање на квалитетот на вашиот „продукт“, вкрстување на растенија и добивање нови сорти, а потоа и дистрибуција на улиците и ширење на својот бизнис.

Засега нема многу детали за играта надвор од овие наведени во трејлерот во продолжение, но од Devolver додаваат дека во Weedcraft ќе можете да се бавите и со политичкиот дел од бизнисот со марихуана, т.е. да лобирате за легализација на нејзината медицинска и рекреативна употреба, а тоа, секако, подразбира и да подмитувате таму каде што треба, кога тоа е неопходно или сметате вреди да ги заобиколите легалните процедури.

Линк до статијата Weedcraft, или како да станеш магнат во бизнисот со марихуана (видео) објавена на 365.com.mk.

Оваа статија е превземена од 365.com.mk


Оваа статија можете целосно да ја прочитате овде.

Слични статии